More

    Воената полиција вчера ги ослободи од канџите на мажот

    spot_img

    Бразилка со две деца 17 години поминала во куќен затвор. Медиумите јавуваат дека семејството вчера било извадено од куќата  во населбата Гуаратиба во Рио де Жанеиро и пренесено во болница.

    – Мојот сопруг ми рече дека од куќата ќе излезам само мртва – изјавила жената за локален весник.

    Полицијата го уапсила нејзиниот сопругот Луис Антонио Сантос Силва, со кого  била во брак 23 години.

    Според фотографиите кои ги објави полицијата, куќата во која биле држени била валкана и темна.

    Таткото ги врзал и изгладнувал двете деца од 19 и од 22 години.

    – Децата беа ужасно неухранети, прво мислевме дека се многу помлади – рекол Вилијам Оливеира од воената полиција која ја извела акцијата за ослободување на семејството.

    Обвинителството веќе отворило истрага за случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img