Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите.
Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“. Штабот додаде дека нема испратени руски војници во пристанишниот град Одеса.
– Не спроведуваме агресија против украинскиот народ, туку против хунтата која ја презеде власта во Киев – рече рускот амбасадор во ОН Василиј Небензја пред крајот на итната седница на Советот за безбедност на ОН, што ја иницираше Украина.
Украина претходно соопшти дека најмалку осум лица загинале, а девет се ранети во руското гранатирање.
Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина во четвртокот изјави дека нивната главна цел е да ја вратат контролата во регионите Луганск и Доњецк каде се наоѓаат отцепените територии.
Сепаратистите во Украина соопштија дека ги зазеле малите градови Луганск и Шчастија, додека властите во Киев потврдуваат дека проруските сили напреднале на територијата контролирана од владините сили.