More

    Пелоси ја започна својата турнеја по Азија заедно со уште неколку колеги конгресмени

    spot_img

    Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, ја започна својата турнеја по Азија, заедно со уште неколку колеги конгресмени. Тоа што сите се прашуваат во моментов е дали деновиве Пелоси ќе го посети и Тајван и со тоа ќе го предизвика бесот на Кина?

    Официјален Пекинг јасно и гласно стави до знаење дека се противи на секаква посета на официјален претставник на САД на Тајван. Кина е одлучно против сепаратизмот на Тајван, инсистирајќи на политиката „една Кина“, со што се сложни и самите САД.

    Сепак, во крајно сложените меѓународни односи во моментов, претставниците на Вашингтон неколку пати јавно изразија поддршка за Тајван и неговата одбрана од евентуалната инвазија на кинеската војска. Американскиот претседател Џо Бајден во една прилика два пати повтори дека војската на САД ќе го брани островот од Кина, за да потоа биде демантиран од своите соработници во кабинетот.

    По избувнувањето на војната во Украина, релациите меѓу Кина и САД дополнително се влошија, главно поради отворената поддршка на Пекинг искажана кон политиката на Москва. Американците не го кријат стравот од тоа дека по стапките на Владимир Путин, набргу би можел да тргне и кинескиот претседател Си Џинпинг, наредувајќи им на своите трупи да до заземат островот.

    И баш во моментите на висока тензија во Јужното Кинеско Море, Ненси Пелоси ја најави својата посета на Тајпеј. Кинезите веднаш одговорија со закана дека целиот регион ќе го прогласат зона за забранети летови иако во близина е американската флота, предводена од носачот на авиони „Роналд Реган“.

    Во текот на вчерашниот ден, телефонски разговор обавија Бајден и Џинпинг, во кој кинескиот претседател го предупреди својот американски колега да не се игра со оган. Претходно и официјалните претставници од американската армија, соопштија дека не би било паметно Пелоси да го посети Тајван.

    Нема потврда дека американската конгресменка ќе го постети Тајпеј и дека таму ќе оствари официјална средба. Голем број на аналитичари во светот прогнозираат воен одговор од Пекинг, доколку таа навистина зачекори на Тајван. Дел од нив сметаат дека тоа ќе значи и војна меѓу САД и Кина, па дури и почеток на Трета светска војна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img