Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во деновите од викендот во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер и ќе има мало опаѓање на температурата.