Веста дека музичарот Момчило Бајагиќ Бајага (62) се развел од сопругата Емилија по 33 години брак го изненади регионот. Бајага љубоморно ја чуваше својата приватност подалеку од очите на јавноста, а сега првпат проговори за распадот на бракот.
– Никогаш не зборував за мојот приватен живот… и, ете, гледате дека разводот беше пред повеќе од година и пол, а дури сега се дозна. Беше одамна за да се сеќавам – рекол Бајага за „Дневни аваз“.
Во неколкуте интервјуа ќе кажеше неколку зборови за своите деца, синот и ќерката, кои се полнолетни, како и за поранешната сопруга за која имаше само пофални зборови. Така, се остави впечаток дека нивниот брак е идеален и дека нема триење, но се чини дека не беше така.
Наводно, работите меѓу Бајага и Емилија одамна не оделе добро и двајцата долго време не живееле заедно, па разводот бил неизбежен.