Американската агенција за храна и лекови (ФДА) денеска објави дека околу 800.000 дози вакцина против мајмунски сипаници наскоро ќе бидат достапни за дистрибуција.
ФДА соопшти дека процесот на сертификација е завршен и дозите од вакцини веќе пристигнале во САД. Агенцијата пред околу две недели соопшти дека извршила увид во објект во Данска каде се полнат ампули со вакцини.
Американските власти овој месец објавија дека ќе бидат нарачани уште 5 милиони дози. Поголемиот дел од таа нарачка се очекува да пристигне дури следната година.