Американскиот претседател Џо Бајден денеска заврши со изолацијата на ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа.
Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми“. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус.
Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во писмо до јавноста соопшти дека 79-годишниот претседател синоќа бил негативен на тестот и уште еднаш утринава.
– Неговите симптоми постојано се подобруваат и речиси целосно надминати – напиша О’Конор во писмото.