More

    Сѐ уште не е пристигната турбината за Северен тек 1

    spot_img

    Извршниот директор на Газпром Виталиј Маркелов денеска соопшти дека сè уште не ја добиле Сименс турбината за компресиската станица Портоваја од гасоводот Северен тек 1 , по ремонтот во погон за одржување во Канада.

    Изјавата на Маркелов дојде денеска, кога испораките на гас од Северен тек во Европа паднаа на речиси 20 отсто од капацитетот на гасоводот, според податоците на германскиот оператор Гаскаде.

    Маркелов за доцнењето ја обвинува Сименс енерџи, компанијата која ја сервисираше споменатата турбина во Канада, објаснувајќи дека проблемите настанале како резултат на санкциите на Западот.

    Сименс енерџи, пак, ја обвинува руската компанија и тврди дека Газпром како клиент мора да достави царински документи за да ја увезе турбината во Русија.

    – Ние кажавме сè: транспортот на турбината може веднаш да започне. Германските власти му ги дадоа на Сименс енерџи сите потребни документи за извоз на турбината во Русија. Она што недостасува е документацијата за увоз во Русија – рече портпаролот на германската компанија.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторува дека Северен тек 1 би работел нормално доколку немало санкции.

    Песков вчера рече дека „едната турбина испратена во Канада за ремонт сè уште не е пристигната, таа е на пат и се надеваме дека ќе пристигне наскоро“, а забележани се тешкотии и на втората турбина, рече тој.

    Намалувањето на протокот е нов удар за испораките на гас за најголемата европска економија во време на високи тензии меѓу Русија и Западот, кои тргуваат со економски удари како одговор на инвазијата на Русија во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img