More

    Папата побара простување за злото направено од црквата врз домородците

    spot_img

    Папата Франциск денеска, на првиот ден од својата посета на Канада, побара „простување за извршеното зло“ врз домородното население во оваа земја, особено во интернатите за индијански деца, со кои раководела Католичката црква, и изрази жалење што некои нејзини членови „учествувале“ во политиката на „уништување на културата“ на домородците.

    – Жал ми е, барам прошка – рече Светиот отец пред илјадници домородни луѓе во Масквацис, во западна Канада.

    Зборувајќи за „погубната грешка“, тој ја призна одговорноста на некои членови на црквата во тој систем во кој „децата трпеа физичко, вербално, психичко и духовно малтретирање“.

    Зборовите на папата, преведени на англиски, беа дочекани со громогласен аплауз.

    Папата Франциск трипати, со чувство на „срам и јасност“, побара „прошка“ во првиот, многу очекуван говор што го одржа на шпански, на местото на поранешниот интернат во Ерминескин, во присуство на бројни преживеани и членови на домородните заедници (Први нации, Метис и Инуити).

    – Местото каде што сме сега во мене предизвикува болен плач, придушен плач кој ме следи последниве месеци – посочи папата, спомнувајќи ги „траумите“ што ги носат генерациите на првите жители и „раните што сè уште крварат“.

    Ова насилство, кое истражната комисија го оцени како „културен геноцид“, однесе најмалку 6.000 животи од крајот на 19 век до 1990-тите и како ударен бран погоди неколку генерации, особено по откривањето на илјадници анонимни трупови во 2021 година.

    – Политиката на асимилација заврши со систематска маргинализација на домородните народи (…) Вашиот јазик и вашата култура беа негирани и уништени – истакна папата.

    – Сеќавањето на погубното искуство што се случувало во резиденцијалните училишта нè погодува, огорчува и боли, но тоа е неопходно – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img