More

    Трилијардерот Илон Маск, е прилично активен на социјалната мрежа Твитер, каде што често ги информира своите следбеници за деловните активности, но коментира и актуелни настани во светот

    spot_img

    Трилијардерот Илон Маск, е прилично активен на социјалната мрежа Твитер, каде што често ги информира своите следбеници за деловните активности, но коментира и актуелни настани во светот. Овојпат, тој твитна српско „ќ“, а никој не знаеше зошто, пишува Б92. Твитот беше само една буква.

     

     

    „Никола Тесла би бил горд што ја учиш неговата азбука“, напишал еден твитерџија под постот.

    Некои корисници коментираа дека тоа ќе биде името на новата криптовалута на Маск, други дека така ќе го крсти своето второ дете. Оние кои беа малку „постручни“, видоа дека се работи за истиот знак со кој во квантната физика се означува Планковата константа, еден многу битен број. Научниците го викаат симболот и „пречкртан икс“. Но, дали тоа сакал да го твитне Маск?

    Маск сè уште не објасни дали се работи за „пречкртано икс“ или за кирилица „ќ“, но тоа не ги спречи Србите на Твитер да го прогласат за свој сонародник.

    „Маск е од Република Српска, ако не се лажам“.

    „Првиот човек на Србија кој слета на Марс“.

    „Па, Теслин човек е Маск, што не ви е јасно?“.

    Ова беа само некои од одговорите на твитот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img