Големиот пожар кој веќе деветти ден беснее на Чвршница во паркот на природата Блидње, се уште е активен, гаснењето е отежнато поради силниот ветер, но засега викендов селата не се загрозени.
„Хеликоптерите на вооружените сили на Босна и Херцеговина и Хеликоптерската служба на Владата на Република Српска утринава се обидоа да го изгаснат пожарот, но поради ветерот тоа во моментов не е можно“, изјави Драго Мартиновиќ, директор на Управата за цивилна заштита на Кантонот Западна Херцеговина, до Фени.
Тој додаде дека хеликоптерите се подготвени и дека чекаат ветрот да се смири.
На Блидиње досега се опожарени над 200 хектари земја, а на терен има бројни пожарникари, членови на планински спасувачки служби, шумско стопанство, планинари и волонтери.