Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од ветерот.
– Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Сите дејствуват во содејство со хеликоптер од Армијата, кој досега има направено шест прелети и истурени се шест ведра вода – информира ЦУК.
Оттаму информираа дека од синоќешното невреме проследено со град и и дожд, поплавени се објекти во Кочани.Територијалната противпожарна единица од Кочани од 21.45 часот интервенирала на повеќе локации како ресторанот „Але Дар“ и повеќе улици каде имало поплавени домови. Паднати дрвја биле отстранети од улицата Димитар Влахов, од Монополски Бавчи, од улицата Теодосија Панунов и од улицата Скопска број 4, каде имало паднато дрво врз два автомобила. На улицата Киро Кикенски бр.25 имало пожар на запалено борче од жиците за електрична енергија, кое по кратко време било изгаснато, додека на улицата Скопска бр.40 се интервенирало на запалено електрично броило.Последна интервенција била на обиколницата кај компосарата од кај Виничко, каде имало паднато поголемо дрво, при што има прекин во сообраќај за исклучок од градот Кочани.