Сенегалскиот напаѓач Садио Мане по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.Новиот играч на Баерн Минхен истото признание го доби пред три години, а овогодинешната награда ја заслужи со одличните настапи во дресот на Ливерпул минатата сезона.
Со Сенегал го освои африканскиот шампионат, прв во историјата за таа земја, а токму Мане го реализираше последниот пенал во финалето против Египет.
На Светското првенство во Катар ќе се натпреварува и Сенегал.
Второто место во изборот му припадна на Мохамед Салах, а на третото Едуардо Менди.