More

    Министерот за здравство во Германија бара нови ковид-мерки

    spot_img

    Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на коронавирус во Германија, доколку не се договорат доволно мерки за борба против ковид-19 пред есента.

    – Доколку ја пречекаме есента како сега, без заштитни маски, без ништо, тоа би значело дека бројот на заразени остро ќе порасне, но и оти одделите за интензивна нега ќе бидат преоптоварени – изјави тој за ДПА за време на посетата на Вашингтон.

    Истовремено, како што истакна министерот, болен ќе биде и болничкиот персонал, што дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.

    – Тоа е како свеќа што гори на два краја – појасни Лаутербах.

    Според него, јасно е дека се потребни мерки.

    Министерот не сакаше да даде детали околу тоа какви ќе бидат мерките. Како што тој додаде, тоа е предмет на доверливи преговори со останатите министерства, вклучително и со Министерството за правда.

    – Правната основа за сегашните ограничувања против коронавирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш Владата мора да одлучи за нови мерки – нагласи Лаутербах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img