Информацијата за пронаоѓање црни шорцoви за капење помеѓу алги ги поттикна надежите на семејството и волонтерите за пронаоѓање на македонскиот турист Мартин кој исчезна во водите на Егејското Море.
– Утрово ни испратија фотографија од шорцoви за капење пронајдени меѓу алги во Катерини, но граѓанинот што ги нашол не ги задржал, па не можеме да ги покажеме на семејството. Меѓутоа, тие ја видоа фотографијата и мислат дека личат на шорцовите што ги носел Мартин – изјави првиот човак на волонтерската спасувачка служба ОФКАТ, Христос Рамос, за „ГРТајмс“.
Рамос напоменува и дека потрагата по Мартин се префрла на подрачјето на Катерини, пренесуваат грчките медиуми.
Мартин и неговите двајца пријатели биле на одмор на Халкидики кога славејќи го роденденот на нивниот 30-годишен пријател Иван, завршија во водата борејќи се за да преживеат. Иван беше пронајден следниот ден, а првиот исчезнат, 25-годишниот Васил, веднаш го лоцирала крајбрежната стража. Потрагата по Мартин трае 13 дена.