Црниот дроб, како втор по големина орган, игра важна улога во функционирањето на телото. Затоа треба да се грижите за здравјето на овој орган, односно да спречите таложење на маснотии.
Затоа, во исхраната додадете здрава храна како овошје, а најдобар избор за здравјето на црниот дроб се боровинките, советуваат експертите, пишува Eatthis.
Оваа бобинка е богат извор на антоцијани кои го спречуваат воспалението поврзано со црниот дроб. Додадете боровинки во смути, јогурт, овесна каша или јадете ги сами.
Сепак, не треба да претерувате бидејќи јадењето премногу овошје може да има спротивен ефект. Големото количество на фруктоза во организмот може да има негативно влијание врз црниот дроб, предупредуваат експертите.