More

    Спасов ја толкува унилатералната декларација која владата ја поднесе до ЕУ

    spot_img

    Унилатералната декларација на македонската влада во врска со македонскиот јазик која е поднесена до ЕУ го дефинира стандардниот литературен македонски јазик и во неа нема ништо спорно, вели за Дојче Веле професорот на Филолошкиот факултет и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

    Откако беше објавена декларацијата, во јавноста се појавија реакции и коментари во кои се тврдеше дека со неа се негира дека македонскиот јазик има дијалекти кои се зборуваат надвор од територијата на Северна Македонија.

    – Овде се работи за стандардниот литературен јазик во македонската декларација. Тој јазик уште од времето на Мисирков, потоа Конески и потоа Комисијата за јазик и правопис е стандардизиран врз основа на следните говори: Битола, Велес, Прилеп и Кичево. Тој јазик се темели на нив – вели Спасов.

    Во документот кој го испрати македонската влада до ЕУ се наведува следното:

    „Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ.”

    Според професорот Спасов ваквата дефиниција е на линија со граматиката на Конески од 1952 година, со која што се стандардизира јазикот, како и на Правописот издаден во 1945 година.

    „Целата активност која се развива во втората половина на 19 век, преку Цепенков, Шапкарев и други се заснова врз западното наречје. Мисирков е исклучително јасен кога вели: Македонците од западна, северна, источна и јужна Македонија кога ќе си ги подадат рацете тие ќе се вкрстат околу Битола и Прилеп. Ние во декларацијата зборуваме за стандарден јазик, оној што е официјален и на кој што се пишуваат сите документи не само внатре во земјата, туку и надвор.”

    Професорот Спасов вели дека треба да се прави разлика меѓу стандардизиран литературен јазик и македонско јазично подрачје. Второто, вели тој, „се простира и надвор од границите на Северна Македонија и тоа се докажува со научни историски социолошки и други факти.”

    Во критиките на ваквата дефиниција, според Спасов, „нема само добронамерни забелешки туку и  спротивставување на нашата интеграција на ЕУ.”

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img