Панов смета дека таа ќе биде условена да ги исполни бугарските барања

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Историската комисија, односно македонскиот дел од Мешовитата комисија за образовни и историски прашања со потпишаниот Протокол добива мандат над Уставот на Македонија, а нејзиното исполнување на бугарските барања ќе биде клуч за напредокот на земјата кон ЕУ. Вака смета претседателот на Здружениоет на историчарите и професор, Митко Панов, кој вечерва гостуваше во дневникот на ТВ Сител.

– Комисијата според Протоколот сега се става над Уставот, бидејќи добива мандат кој што што го немаше со Договорот за добрососедство. Она што не е дефинирано во Договорот, сега се регулира со Протоколот. Бев запрепастен од леснотијата со која што ѝ се дава мандат на Комисијата да биде клучниот критериум за членството на Македонија во ЕУ. Едноставно Комисијата сега е условена да ја заврши својата работа по желба на Бугарија. Завршувањето на работата на Комисијата е клучен критериум – вели Панов.

Share This Article