Претреси се вршат во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинителката Вилма Русковска која раководи со Обвинителстовто за гонење организиран
криминал и корупција го потврди ова за порталот А1Он.

Таа вели дека имаат предистрага, за предмет поврзан со Управата и Муареми.

– Постапуваме по пријава од граѓани. Не можеме да споделиме сега повеќе детали. Не можеме да кажеме дека има злоупотреби, се проверуваат наводи – вели Русковска за А1Он.

Муареми е недостапен за коментар.

Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство за конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан, сепак, од Обвинителството велат дека кривичната пријава била за друго, но не кажуваат за што, бидејќи се работело за предистражна постапка.

Share This Article