Ќе се бара одговорност за сите понижувања на народот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Антидржавната СДСМ и предавникот Ковачевски, вчера спротивно на волјата на над 75% граѓани на Македонија кукавички го усвоија предлогот за асимилација на македонскиот народ. 37-мината македонски предавници од СДСМ и коалицијата погазија врз македонската историја и македонскиот идентитет. Граѓаните на Република Македонија треба со име и презиме да ги знаат сите предавници кои ја разнебитија македонската култура и македонскиот јазик, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Со предлогот, кои Владата на антидржавната СДСМ го усвои, ќе се изврши бугаризација на македонскиот народ. Овој предавнички чин кои го направија од антидржавната СДСМ на чело со пиунот Димитар Ковачевски, нема да помине не казнето. Од што се уплашени предавниците од власта, за да полицијата на „претседателот на државата за криминал“ Оливер Спасовски ги обезбедува 24/7, доколку се убедени дека за тоа што вчера гласаа е исправна одлука и имаат поддршка од граѓаните – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните треба да знаат и да останат спокојни, бидејќи информацијата која вчера ја изгласаа овие предавници нема никакво значење.

– Преговарачката рамка е условена со отворање на Уставот на Република Македонија, а за тоа во Собранието се потребни 2/3 мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ ќе залага и за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени. За сите понижувања на државата и македонскиот народ за многу скоро ќе има одговорност за секој еден предавник – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article