Помина само еден ден по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која обраќајки се пред македонските пратеници во Собранието рече дека „не постои сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и затоа, во ревидираниот предлог јасно стои македоснки јазик без квалификации од ЕУ.
Но, еден ден подоцна, стигна демант во вид на студен туш од Брисел.
Имено, на денешниот брифинг на Европската комисија со новинарите, на прашање на новинарката Тања Милевска што значи горепосочената изјава на претседателката Фон дер Лајен, заменик-портпаролот Дана Спинант одговори дека Фон дер Лајен всушност мислела на јазикот кој го зборуваат граѓаните во Северна Македонија.
На директно прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант вели дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен.
Притоа таа уште еднаш ја повтори фразата „јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија”.