МВР ги лиши од слобода и им даде кривични пријави на петмина вработени во скопската Зоолошка градина, заедно со директорот. Тие биле фатени како ги колат 12-те коњи и една мазга за да ја припремат храната за лавовите.
„При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина“, се вели во соопштението на МВР и се додава:
„Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје“.
Претходно, директорот на ЗОО Скопје беше разрешен од градоначалничката Данела Арсовска.