More

    Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат

    spot_img

    Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат, соопшти Работничката комора.

    Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти.

    „Бројките се алармантни“, укажа Работничката комора.

    Анализа на цени во седум супермаркети и дисконти покажа дека за најевтино брашно, за килограм во јуни минатата година се плаќаше 0,41 евро, а сега се издвојуваат 0,93 евра. Килограм путер чинеше 5,67 евра, а кон крајот на јуни, 9,96 евра.

    – Високите цени особено ги погодуваат лицата со ниски примања – нагласи Габријеле Згубиќ од Работничката комора.

    Како што таа истакна, голем проблем е што евтини производи често нема во продавниците, па потрошувачите треба да купуваат и поскапи, што дополнително го оптоварува потрошувачкиот џеб.

    Работничката комора го повтори барањето дека е потребно привремено да се намали ДДВ на намирниците, но, да се воведе и строг надзор на цените, со цел да се овозможи нивното намалување да го почувствуваат и потрошувачите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img