Славниот фудбалер Тоти се разведува од убавата водителка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На почетокот на годината започнаа гласини дека бракот на познатиот италијански фудбалер Франческо Тоти и телевизиската водителка Илари Блази се распаѓа. На почетокот на февруари беше објавено дека Франческо се иселил од нивниот заеднички дом и дека се разведуваат по 17 години брак.

Сега конечно пристигна и потврдата за тие шпекулации.

„По 20 години заедно и три прекрасни деца, мојот брак со Франческо заврши. Процесот на развод ќе остане наша приватна работа и нема да давам други изјави за тоа. Ги повикувам сите да се воздржат од шпекулации и пред се, да ја почитуваат приватноста на моето семејство“, изјави Илари за порталот „Анса“.

„Се обидов да ја надминеме кризата во нашиот брак, но сега разбрав дека одлуката да се разделиме, и покрај тоа што беше болна, беше неизбежна. Се што кажав и направив во изминатите месеци беше со намера да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат на врвот на листата на приоритети во мојот живот. Ќе останам блиска со Илари за да можеме заедно да ги одгледуваме нашите три убави деца и секогаш ќе ја почитувам мојата сопруга. Верувам дека ќе се почитува нашата приватност, особено мирот на нашите деца“, додал Тоти.

 

Италијанските медиуми објавија и дека Тоти ја изневерувал Илари со Ноеми Боки, со која е виден на вечера во ресторан во Торино.

Тоти и Илара се запознааи и ја започнаа врската во 2002 година, а се венчааа во јуни 2005. Заедно имаат три деца – синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article