На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија на којашто се испишани телефонските броеви на сите пратеници од редовите на СДСМ и владејачката коалиција.
Насловот на фотографијата е: „Порачајте им да не го предаваат народот“.
Портпаролот и пратеник од СДСМ, Дарко Каевски, во разговор за Канал 5 потврди дека тој и десетина други пратеници веќе добивале телефонски повици, најчесто во ноќните часови.
Лицата кои им се јавувале ги навредувале и барале од нив да не кренат рака на пленарната седница за францускиот предлог.
Од скопското Јавно обвинителство велат дека го следат случајот.
– Ги следиме информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности – велат од ЈОРМ.