Летните аранжмани се продаваат како алва

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Празниците што претстојат, како и резервациите за летната сезона, го подгреаја оптимизмот кај туристичките работници дека конечно ќе почнат да се враќаат на резултатите пред пандемијата. Тие велат дека дел од туристичките дестинации каде што најчесто патуваат македонските граѓани веќе ги зголемија цените на аранжманите за 10 до 15 отсто поради енергетската криза, но интересот на граѓаните за патување е неколкукратно поголем од претходните две години.

Полека се враќа и довербата на граѓаните дека посакуваниот аранжман ќе се оствари.

– Вообичаено за 8 Март не патувам никаде бидејќи е само еден ден, но за Велигден и за 1 Мај веќе уплатив за Париз и се надевам дека ништо нема да се случи до тогаш, за да се откаже. Не ми пречат сите тие тестови и ограничувања поради коронавирусот. За одмор планирам малку подалечна дестинација, можеби Малдиви. Веќе разговарав со неколку туристички агенции. Малку е поскапо, па нели и сѐ поскапе поради енергетската криза, ама сакам да отпатувам на неколку дена. Редно е да се одмориме и од овој страв од болеста – вели скопјанка.

Туристичките работници не кријат дека аранжманите се малку поскапи споредено со лани, но тоа е, како што велат, само првична најавна цена која ќе претрпи измени.

– По традиција нема голем интерес за патување за 8 Март, но за Велигден и за 1 Мај интересот е во пораст. Веќе почнавме да резервираме и за летната сезона. Цените се повисоки за околу 10 до 15 отсто, но тие се во најава и ќе се менуваат како што се приближува сезоната и во зависност од условите. Со раните резервации и попустите овие цени ќе бидат секако поповолни од оние кои ќе бидат актуелни во јуни или во јули. Зголемениот интерес за патување на граѓаните ветува далеку подобра сезона од изминатите две пандемски години, но е под она што го имавме порано – вели Андреј Сирачевски од „Аурора турс“.

Поради запрениот авионски сообраќај кон одделни европски туристички центри и затворањето на најпосакуваната земја за одмор Грција, интересот на граѓаните е насочен кон Турција и кон Египет, како и кон подалечните егзотични дестинации.
– Граѓаните одбегнуваат да патуваат со автобус поради пандемијата и најчесто се користи авионскиот превоз. Со Европа веќе 2 години немаме авионска конекција, па некогашните туристички дестинации Шпанија и Италија станаа непривлечни за македонските граѓани. Затоа Турција и Египет кои и во изминатите 2 години се покажаа како добри туристички дестинации остануваат и годинава во интерес на граѓаните. Има интерес и за егзотичните дестинации, но тие традиционално се интерес на помал број граѓани – вели Сирачевски.

Летната сезона е главната преокупација и за вработените во „Фибула травел“, но не се пропуштаат и претстојните празници.

– Интересот на граѓаните е послаб од нашите очекувања и не можеме да кажеме како ќе биде во следните месеци. Цените на аранжманите се минимално или скоро незначително повисоки од ланските и не влијаат на откажување од патување. За 8 Март вообичаено нема голем интерес, но имаме аранжмани за велигденските и за првомајските празници за Истанбул и за Париз и веќе имаме продадено аранжмани. Но, главно сме сконцентрирани на летната сезона, за која во тек се продажбите на аранжманите. Интерес има за Турција и за Египет – велат од „Фибула травел“.

И оваа сезона, според туристичките работници покрај пандемијата и неизвесноста околу Украина, останува да се изборат со нелојалната конкуренција.

- Advertisement -
Ad image

– Главен предизвик годинава, покрај пандемијата ни е нелојалната конкуренција, која треба да се спречи уште на почетокот од сезоната – додаваат од „Фибула травел“.

Туристичките агенции очекуваат со поактивен инспекциски надзор да се намали оваа конкуренција која работи спротивно на законите и добиените лиценци, односно се јавуваат поединци кои продаваат аранжмани, но не ги исполнуваат условите и критериумите предвидени со закон.

Share This Article