Судијата го прогласи за виновен Бали-бег

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озчивит, популарниот Бали-бег, е прогласен за виновен поради навредување на екипата на снимањето на серијата „Основач Осман“. Актерот сепак добил блага казна, сметаат многумина.

Обвинителството при покренувањето на обвинителниот акт побарало затворска казна од четири години и еден месец. Но, тоа сепак не се случило, а според адвокатите на жртвите, 150 лица сведочеле за навредите кои Бурак ги упатувал кон своите клиенти.

Сепак, судот го прогласи актерот за виновен и донесе решение за условна казна од 3.000 лири или 30 лири во следните 100 дена. Со оглед на тоа дека ова му е прв прекршок, судот одлучил казната да биде условна, односно Озчивит да не мора да ја плати казната доколку нема други прекршоци.

Како причина за ваквата одлука се наведуваат и некои олеснителни околности за актерот. Како што се испоставило, неговото незадоволство од работата на дел од екипата за време на снимањето на серијата било оправдано. Дел од екипата, односно вработените кои биле предмет на навредите на Бурак, ги занемарувале своите обврски, се однесувале дрско и непрофесионално, не го обезбедувале соодветно коњот на Бурак за време на снимањето, поради што актерот за малку ќе паднал од него во полн галоп.

Кога земале се предвид, судиите го осудиле Бурак за некоректниот речник што го користел во состојба на лутина, но тоа е, како што се наведува, разбирливо. Поради оваа причина Бурак се извлекол само со условна парична казна од случајот во кој обвинителството барало повеќегодишна затворска казна.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article