Ни доаѓаат големите „Deep Purple“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во организација на Авалон, еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin, Deep Purple), ќе одржи голем концерт на 28 мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.

Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе сѐ подобро и подобро свират во живо!?”

Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

Share This Article