Јапонската конзервативна коалициска влада на починатиот Шинзо Абе најверојатно ќе освои мнозинство од местата во Горниот дом на изборите кои се одржаа вчера, во недела, само два дена по неговиот атентат, покажуваат излезните анкети.
Абе, кој беше премиер со најдолг стаж во поновата историја на Јапонија, беше убиен во петокот за време на говорот за поддршка на локалниот кандидат во западниот град Нара. Тоа убиство беше осудено од политичкиот естаблишмент како напад врз самата демократија, пишува Н1.
Партијата на Абе е дел од коалицијата предводена од Либерално-демократската партија ЛДП на актуелниот премиер Фуми Кишида, заедно со партијата Комејто. Коалицијата е на пат да освои меѓу 69 и 83 места од 123 во горниот дом.
Излезните анкети претходно предвидуваа дека ЛДП ќе освои 59 до 69 места во Горниот дом, што е значително зголемување од претходните 55 места.
Со освојување на 69 пратенички места, ЛДП би обезбедила мнозинство без потреба од коалиција, што се чинеше невозможно пред смртта на Абе.