Австралискиот тенисер Ник Кирјос побара од судијата да избрка жена од трибините, зашто наводно цело време му дофрлала и му пречела.
– Седи во првиот ред и вон себе е колку е пијана. Зборува со мене за време на мечот. Брат, тоа е таа, изгледа како да испила 700 пијалоци – му се обрати Кирјос на судијата на паузата на третиот сет.
Уште еден скандал се случи додека Новак Ѓоковиќ се подготвуваше да се сервира. И двајцата тенисери гледаа кон трибините каде што дојде до тепачка меѓу дел од навивачите. За среќа сѐ брзо се заврши, па мечот продолжи.