More

    ЕМА препорача засилувачки дози вакцина за лица од 60 до 79 години

    spot_img

    Висок функционер на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска изјави дека во многу земји во ЕУ има нов бран на инфекции со ковид-19 поттикнат од високо преносливи мутации на  Омикрон сојот на вирусот.

    Марко Кавалери од ЕМА во онлајн обраќање до новинарите нагласи дека мутациите на омикрон BA.4 и BA.5 се очекува да станат доминантни низ целиот континент и најверојатно „да ги заменат другите варијанти до крајот на јули“.

    Тој додаде дека иако нема докази дека новите подсоеви предизвикуваат потешки форми на болеста од претходните, зголемениот пренос кај постарата популација покажува дека болеста станува се потешка.

    Во април, ЕМА ги советуваше луѓето над 80 години да добијат втора засилувачка вакцина против ковид-19.

    Кавалери рече дека засилувачките дози сега им се советуваат за луѓето во ЕУ на возраст од 60 до 79 години, како и за медицински чувствителните луѓе на која било возраст.

    „Додека овој нов бран се шири во ЕУ, неопходно е да се одржи заштитата на ранливите групи и да се избегне одложување на вакцинацијата“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img