Георгиева рече дека во наредните недели ММФ по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата за економски раст за 2022 година, додавајќи дека економистите на ММФ се уште ги финализираат новите бројки.
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека прогнозите за светската економија „значително се влошиле“ од април, додавајќи дека, со оглед на зголемениот ризик, таа не може да ја исклучи можноста за глобална рецесија следната година.
Георгиева рече дека во наредните недели ММФ по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата за економски раст за 2022 година, додавајќи дека економистите на ММФ се уште ги финализираат новите бројки. Се очекува ММФ да објави нова прогноза за 2022 и 2023 година на крајот на јули, откако во април ја намали прогнозата за раст за речиси цел процентен поен, пренесува Хина. „Изгледите значително се влошија од нашата последна проценка во април“, рече таа во интервју за Ројтерс, наведувајќи го ширењето на инфлацијата ширум светот, значителниот пораст на каматните стапки, забавувањето на економскиот раст на Кина и ескалацијата на санкциите поврзани со војната во Русија во Украина.
„Се наоѓаме во многу турбулентни води“, додаде таа. На прашањето дали може да ја исклучи можноста за глобална рецесија, таа одговори дека „опасноста сега е толку голема што не можеме да ја исклучиме“.
Оваа година ќе биде тешка, додаде таа, но може да биде уште потешко во 2023 година.