Калин Ивановски се пласира помеѓу осумте најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон.
Македонецот попладнево со 2-1 го победи Едас Бутвилас од Литванија кој важеше за осми носител на турнирот.
Во меч што траеше два часа и три минути, Ивановски го загуби првиот сет со 4:6, во вториот возврати со 7:5, а во третиот доминираше и го доби со убедливи 6:0.
Противник на Ивановски во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Бор Артнак (Словенија) – Педро Роденас (Шпанија).
Инаку Ивановски на неверојатен начин се пласираше во осминафиналето на јуниорскиот турнир на третиот гранд-слем во сезоната Вимблдон.
Во второто коло нашиот тенисер немаше никакви проблеми против 11 носител, Мексиканецот, Пачеко-Мендез со максимални 2-0, по сетови (6-1 и 6-2). Македонецот натпреварот го заврши за нешто повеќе од еден час.
Тој за меч топката се реши со сервис низ нозе да го земе последниот поен против мексиканскиот тенисер, која му успеа и со што освои поен за победа.