More

    Во Грција е регистриран зголемен број случаи на ковид-19

    spot_img

    Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје.

    Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

    Минатата седмица по речиси три месеци беа регистрирани над 20.000 нови случаи на ковид-19, а се чини дека продолжува нагорниот тренд.

    Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.755.074 случаи на ковид-19, се проценува дека има 187.202 реинфекции што е 4.7 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.349 лица.

    Пракса на Националната организација за јавно здравје на Грција е во секојдневните соопштенија за ситуацијата со ковид-19, посебно да ги објавува бројките поврзани со нови случаи и посебно бројките со повторни заразувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img