Пејачката Ријана во мај стана мајка на мало момче, а за првпат по породувањето ја напушти вилата во која живее со партнерот АСАП Роки. Таа го направи тоа за да го поддржи раперот на неговиот настап во Лондон.
Славната двојка е забележана заедно со бројни следбеници во една лондонска населба, поточно во берберница од која еден од следбениците сподели видео на Инстаграм. Недолго потоа и самата Ријана објави фотографија од истиот салон, а во позадина можеа да се видат верните фанови со мобилни телефони во рацете кои сакаа да го снимат овој момент.
„Поминував покрај салонот и ја видов ѕвездата која ми е идол“, напиша следбеник под видеото кое го објави на својот профил.
Да потсетиме, и покрај бројните скандали кои се поврзуваа со оваа двојка во изминатите неколку месеци, Ријана и Роки јавно не се огласуваат на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм