Вечерва дел од граѓаните, незадоволни од францускиот предлог, ќе останат пред Владата, а за утре протестот повторно е закажан за во 19 часот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На вечершниот протестот пред Владата, на кој присуствуваа илјадници граѓани, новинари, јавни личности, уметници, политичари, едногласно беше испратена пораката „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“.

Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Вечерва дел од граѓаните, незадоволни од францускиот предлог, ќе останат пред Владата, а за утре протестот повторно е закажан за во 19 часот.

Share This Article