More

    Поради поплави и обилните дождови, евакуација на населението од делови на Сиднеј

    spot_img

    Големи области на најголемиот град во Австралија беа под вода во неделата поради обилните врнежи кои предизвикаа сериозни поплави во ниските области – во некои предградија нивото на водата достигна 1,5 метар.Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги советуваше жителите да евакуираат неколку области, предупредувајќи дека дождот нема да престане барем до понеделник.

    Медиумите јавуваат дека од почетокот на месецот во областа Сиднеј веќе наврнале четири пати повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот јули.

    Австралиската метеоролошка служба предупреди дека нивото на водата во регионот може да се зголеми барем колку што беше во март, кога големи делови од истите области на градот доживеаја сериозни поплави.

    Тие наведуваат дека водата над браната Варагамба веќе е излеана.

    Метеорологот Џонатан Хау изјави за ABC дека во селото Менангл, околу 70 километри југозападно од Сиднеј, нивото на реката веќе достигна 16,5 метри, што е малку под рекордот од 16,8 метри постигнат во април 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img