More

    Тупанчески вели дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик и дека е оптимист во однос на нивното донесување

    spot_img

    Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик и дека е оптимист во однос на нивното донесување.

    – Не секогаш се лесни начините со коишто се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме сè и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик – рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”.

    Тој истакна дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик.

    – Пративме уште еден допис до нив. Доколку не се произнесат, ние и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на Изборниот законик. Секогаш е отворена поканата да се придружат да дадат свој предлог, своја номинација итн. Идејата е да постапиме по препораките на ОДИХР/ОБЕСЕ, меѓутоа и во однос на дефектите коишто беа констатирани при последните избори – рече Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до опозицијата за да и се приклучи на Комисијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img