Актерката Анџелина Џоли често ја изненадува јавноста со своите ставови и постапки.
Таа во емисијата „Добро утро Америка“ откри како нејзините деца обожаваат да јадат бубачки.
„Уживаа да јадат скорпии, особено Шајло. Таа сака тарантули и бубачки. Сите мои деца можат да изедат ќеса штурци како ќеса чипс, навикнати се на тоа. Сега учам како подобро да им зготвам инсекти со малку зачин“, раскажала Анџелина и згрозила многумина.
Така, во една прилика снимила видео со своите деца на кое се гледа како на различни начини подготвува инсекти, а Шајло, Пакс, Медокс, Захара, Вивиен и Нокс тоа го јадат.
За време на интервјуто за Би-би-си, Анџелина сподели и видео на кое се гледа како со децата подготвува различни видови бубачки.