На 20.02.2022 во периодот од 10.20 часот до 17.50 часот, со судски наредби, на улиците „Никола Парапунов“ и „Илинденска“ во Гостивар и во гостиварски Балиндол, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле гостиварците Б.С.(43), Е.Љ.(27) и Б.Ј.(25) од Балиндол за издржување на затворски казни. Набргу потоа, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.
На 19.02.2022 во 22.00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Кирил и Методиј“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.И.(46) од с.Добрашинци, струмичко и А.Т.(28) од Струмица. При преглед во возилото „сеат леон“, во кое се превезувале, бил пронајден и одземен кокаин. На 20.02.2022, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.И. во село Добрашинци, при што пронашле и одзеле шприцеви со темно кафеава течност. Против А.И. била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По документирање на случајот и против А.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.02.2022 околу 16.25 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Л.А.(31) и П.М.(31) и Њ.Ј.(20) од тетовско Пршовце. При преглед на возило „шкода фабиа“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал П.М., била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 20.02.2022 во 16.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.02.2022 во 23.30 часот на подрачјето на Kарпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Р.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.02.2022, во периодот од 12.00 до 18.00 часот, СВР Струмица спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 87 прекршоци (31 во Струмица, 29 во Радовиш, 15 во Гевгелија и 12 во Валандово), од кои 53 сторени надвор од населено место и 34 во населено место. Двајца возачи санкционирани во Струмица и Радовиш го управувале возилoто со брзина поголема од 70 километри на час повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.
На 19/20.02.2022, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле констатирани и санкционирани 14 прекршоци. На 20.02.2022 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена и акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 76 прекршоци.
На 20.02.2022, во периодот од 12.00 до 18.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли, при што полициските службеници во Охрид регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16 надвор од населено место, 25 во населено место). Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06 надвор од населено место, 36 во населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02 надвор од населено место, 14 во населено место). Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената (10 надвор од населено место, 12 во населено место). Против овие возачи преземени се соодветни законски санкции.
На 19.02.2022 на подрачјето на СВР Тетово од 10.00 до 15.00 часот спроведена е акциска контрола за престигнување, во која бил откриен и санкциониран 41 прекршок (ТЕ-22 и ГВ-19). Најголемиот број од нив се однесувале на престигнување на забранети места (ТЕ-12 и ГВ-17), а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. Доколку престигнувањето е на колона возила или на непрегледно место, прекршителите ги очекува и мерка – времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. На 20.02.2022, пак, покрај другите, санкционирани биле 7 возачи (ТЕ-4 и ГВ-3) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола и 2 (ТЕ) со важечка забрана за управување.
На 21.02.2022 во 00.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – с.Подмолје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а6“, управувано од М.Л.(24) од с.Белчишта, општина Дебарца и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал Х.К., а од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Со тешки телесни повреди се здобил М.Л., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.