Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево, удрил во две лица мигранти кои лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.
Од МВР информираа дека денеска во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.
фото: МИА