Расте бројот на жртви по нападот на трговскиот центар во Кременчук

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во руски ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, пренесува АФП, повикувајќи се на изјава на регионалниот гувернер на Полтава.

Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави видео од акцијата за спасување на цивилиte што се одвива во трговскиот центар во Кременчук, кој денеска беше нападнат од руските сили.

– Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар, кој денеска беше нападнат од Русите со крстаречка ракета. Погледнете што остана од него – вели Герашенко во видеото.

Share This Article