Нутриционистот откри што треба да пиеме секое утро

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако ви е тешко да се разбудите наутро, решението е еден пијалок. Против утринскиот замор и за да се подигне енергијата треба да се пие вода секое утро, а ако во чаша топла вода се додаде малку лимон ефектот е уште подобар.

Нутриционистот Ајслин Кембриџ советува дека наутро веднаш треба да пиете вода која го хидрира телото и го намалува крвниот притисок.

„Ако сакате да имате енергија и да се чувствувате добро, топла шолја вода со исцеден половина лимон во неа. Тоа е како магија“, објаснува тој, пренесува Вечерњи лист.

Исто така, треба да поминат најмалку три часа од последниот оброк за спиење за телото да ја свари храната.

„Ако јадете оброк и се обидете да заспиете час или два подоцна, тоа ќе предизвика проблеми бидејќи вашето тело не може да ја вари храната или да се одмори и да се опорави“, објаснува нутриционистот.

Поточно, како што тврди, треба да се избегнуваат диетални пијалоци, односно без шеќер, бидејќи можат полошо да влијаат на организмот. Ваквите пијалоци ја содржат состојката аспартам која негативно влијае на цревата, па затоа е многу поштетен од вистинскиот шеќер.

Share This Article