Новиот центарфор на Манчестер Сити, Ерлинг Браут Халанд се подготвува за живот во Англија.
Според пишувањата на медиумите на Островот, младиот Норвежанец размислува да ја изнајми вилата на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Вилата од 3,5 милиони евра е вистинска ситница за типот кој во Градот месечно ќе заработува над 1,5 милиони евра.
Куќата на Пол Погба вклучува пет спални соби, теретана, базен со грејни тела, сауна и фудбалски терен за пет лица.
Халанд и Погба се клиенти на истата агенција, па преселувањето на Норвежанец во француска куќа е сосема можно.
Погба летово го напушти Манчестер Јунајтед каде во 2016 година пристигна од Јувентус за рекордни 100 милиони евра. Сега тој повторно ќе игра за тимот од Торино, па луксузната вила ќе биде слободна за користење.