Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денеска е недела, 26 јуни 2022 година, 172-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 193 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.
Денов трае 15 часа и 14 минути.
Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 2 часот и 50 минути, а ќе зајде во 18 часот и 10 минути.