Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло, соопшти денеска полицијата.
Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набрзо по пукањето во близина на местото на настанот.
– Сите индиции укажуваат на осамен сторител – изјави полицискиот портпарол Торе Барстад. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош.
Нападот се случил во ноќниот клуб Лондон паб, популарен геј клуб во Осло, објави весникот Афтенпостен.
Цивили ѝ помогнале на полицијата да го уапси осомничениот, пишува весникот.
Фото: МИА