Нетфликс отпушти уште 300 луѓе по новото губење на претплатници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нетфликс објави дека ќе отпушти уште 300 вработени, главно во САД, поради намалените претплати и зголемената конкуренција.

Според Би-Би-Си, овој потег уследи по првата загуба на претплатници по повеќе од една деценија.

Netflix ќе наплаќа дополнително за споделување на лозинката, најавено – до крај
„Додека продолжуваме да инвестираме многу во бизнисот, моравме да го повлечеме овој потег за нашите трошоци да бидат во согласност со побавен раст“, ​​се вели во соопштението на компанијата.

Нетфликс има 220 милиони претплатници ширум светот и останува лидер во стриминг услугите, но се соочува со силна конкуренција како Дизни Плус и Амазон Прајм Видео.

Зголемувањето на цените на услугите во САД, Велика Британија и други земји влијаеше на падот на претплатниците, а Netflix се очекува да изгуби уште два милиони.

Тед Сарандос, еден од извршните директори на компанијата, рече дека се размислува за воведување поевтини форми на претплата, кои ќе вклучуваат реклами.

„Не ставаме реклами на Нетфликс. Само ја додаваме таа опција за луѓето кои велат „еј, сакам пониска цена на претплата и ќе ги гледам рекламите“, рече Сарандос.

Share This Article