САД испратија силно оружје Американските повеќецевни ракетни фрлачи (MRLS) од типот Химарс пристигнаа во Украина.
„Летото ќе биде жешко за руските окупатори. За некои од нив тоа ќе биде последно“, објави денеска на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
Тој му се заблагодари на американскиот секретар за одбрана Лојд Џеј Остин за ова моќно оружје.
Овие ракетни фрлачи со повеќе цевки се дел од новиот пакет воена помош за Украина од 1 милијарда американски долари.