Туристичка аптека Хемофарм: Подготовки кои не треба да ги заборавите кога одите на патување

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Без оглед на дестинацијата што ќе ја изберете за вашиот одмор, патната аптека е задолжителен дел од секој патнички куфер. Во овој комплет, своето место треба да го најдат работите и подготовките кои се потребни за безгрижен одмор. Пролив на патници, труење со храна, црвенило од сонце и слично бараат брза реакција, па затоа производите наменети за превенција, но и за лекување на непожелни проблеми се задолжителен дел во патничка аптека.

Долгите возења, седењето, интензивните прошетки или пливањето често доведуваат до замор на мускулите и грчеви во нозете, а една од причините може да биде недостатокот на магнезиум, кој повеќе се губи од телото во лето поради зголеменото потење. Доволна е една кесичка Magnetrans на ден за да се надомести изгубениот магнезиум. Гранулите во кесичките се погодни за патување, лесни се за употреба, брзо се топат во устата и имаат пријатен и освежителен вкус.

Заштита од сонце: Прекумерното изложување на сонце може да доведе до оштетување на кожата, не само во форма на црвенило, изгореници, алергии и акни, туку и до посериозни оштетувања како што е ракот на кожата. Затоа, неопходно е да се преземат сите мерки на претпазливост, особено кога станува збор за деца и лица со чувствителна кожа. Најдобрата превенција е избегнување на сонце во средината на денот кога индексот на сончевото зрачење е највисок. Заштита со соодветни креми е потребна во текот на денот, дури и за времето поминато во сенка или во вода. Ladival обезбедува тројна заштита на кожата од UV-A, UV-B и IR-A зраците, спречувајќи ги сите штетни ефекти кои можат да ги предизвикаат (црвенило и изгореници, акни, флеки и брчки). Посебно е прилагоден за заштита на детската кожа и лицата кои се алергични на сонце.

Цревни инфекции: дијареата при патување и труењето со храна се многу непријатни, но за жал и чести придружници на патувањето и топлите летни денови. Високите температури придонесуваат за полесно расипување на храната, но и промената на местото на живеење и полошите хигиенски услови го прават организмот чувствителен и склон кон стомачни инфекции придружени со дијареа. Затоа, неопходно е да се делува превентивно, и да се зајакне дигестивниот систем и имунитетот со конзумирање на добри пробиотски бактерии. На тој начин организмот ќе може да се избори со разни инфекции. Пробиотикот на Хемофарм со години е верен придружник и член на домашната и туристичката аптека бидејќи содржи висока концентрација на внимателно одбрани пробиотски батерии кои ја поддржуваат вашата цревна микробиота и спречуваат дијареа цело време патување. Повторно, кога се сомневате на труење со храна, прва помош е ентеросорбентот Fitrum, кој брзо ги апсорбира сите токсини и го спречува нивното понатамошно штетно влијание врз телото. Корисен е и за вирусни и бактериски стомачни инфекции, каде што помага да се забрза закрепнувањето и да се запре дијареата кај децата и возрасните.

Хигиената воопшто, вклучително и интимната, е исклучително важна и често се занемарува при патување. Жените се повеќе склони кон уринарни и вагинални инфекции во лето и треба да се размислува за нивна превенција. Топлина, потење и влажен костим за капење се добри предуслови за развој на габични и бактериски инфекции. Затоа при патување се препорачува употреба на средства за интимна хигиена како Beliema, кои благодарение на својот посебен состав спречуваат развој на несакани инфекции.

Пожелно е секоја патничка аптека да содржи основни лекови или производи кои можат да помогнат во ублажување на заболувања како што се главоболки, алергии или дијареа кои често ги погодуваат патниците. Затоа, неопходно е да имате лекови против болки и треска, средства за дезинфекција на рани и фластери и завои. Луѓето кои имаат проблем со алергии или други здравствени проблеми мора да ја носат терапијата што ја користат секојдневно. Покрај редовните терапии, добро е да се донесе и лекарски извештај, како доказ за пропишаната терапија.

Потребно е да се почитуваат неколку правила за да се чуваат лековите во пропишаните услови за време на патувањето. Температурата на складирање на лекот не треба да надминува 30 степени Целзиусови или пониска доколку тоа е пропишано во упатствата. Носењето лекови на плажа не е пожелно, а по потреба се препорачува само терапијата потребна за тој ден.

Share This Article