Во Албанија расте бројот на новозаразени со ковид- 19, што го потврдуваат податоците последните денови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Албанија расте бројот на новозаразени со ковид- 19, што го потврдуваат податоците последните денови, јави дописничката на МИА од Тирана.

Според Министерството за здравство и социјална заштита во последното деноноќие потврдени се 277 нови случаи, што е 28,9 отсто од направените 957 тестови.

Во исто време не е регистриран починат како последица од овој вирус, закрепнале 61 болен, а болнички се третираат осум пациенти.

„Поаѓајќи од секојдневниот раст на новозаразени, го повторуваме апелот граѓаните да се вакцинираат, да се повнимателни, посебно во периодот кој следува кога се зголемуваат контактите поради движењето во летната сезона“, апелира Министерството.
Потсетува дека секое лице над 12- годишна возраст може да се имунизира во сите здравствени установи.

Официјалната статистика потврдува дека до сега во земјата се направени 1.840.232 тестови, позитивен резултат е добиен кај 277.940 лица, закрепнале 273.398, активни се 1.045, а починале 3.497 лица.

Дел од познати епидемиолози и инфектолози и поранешни министри не веруваат во оваа статистика наведувајќи дека бројот на заразени е околу 500 илјади, а починати се околу 16 илјади.

Во Албанија во евиденција на починати не се вметнуваат починатите дома или оние кои боледувале и од друга болест.

Share This Article